Полн погодок: Меланија во прекрасен фустан кој чини 1.000 евра

Првата дама на Америка, Меланија Трамп пред празниците посети детска болница во Флорида, а во текот на посетата на малите пациенти им подели подароци.

402

Првата дама на Америка, Меланија Трамп пред празниците посети детска болница во Флорида, а во текот на посетата на малите пациенти им подели подароци.

Популарната Словенка беше многу расположена, а нејзината модна комбинација потврди дека е исконска модна икона.

Носеше црно-бел пругаст фустан со асиметричен крој кој го нагласуваше струкот, а тој изгледаше одлично во комбинација со чевлите од Кристијан Лабутен. Нејзината комбинација која чинела нешто помалку од 1.000 евра ја осмислил американскиот дизајнер Адам Липес.

Фустанот е дело на дизајнерот Адам Липес, кој Амал Клуни го обожава. Во текот на зимата познатата адвокатка го носеше неговиот капут со крзно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...