Пет жртви, а 14 спасени при уривање на зграда во Шангај

35

Во зградата која денеска се урна во финансискиот центар на Шангај загинаа пет лица, а 14 се извлечени од под урнатините.

Спасувачката служба соопшти дека зградата во дистриктот Чангнинг во моментот кога се урнала била во фаза на реновирање, со цел во неа да се отвори салон за продажба на автомобили.

Причина за уривањето на објектот не е позната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...