Аплаузи и скокотливи прашања на Канскиот фестивал за филмот на Елеонора Венинова 

281

Аплаузи и интересни прашања од публиката до режисерката Елеонора Венинова имаше по вчерашната премиера на нејзиниот краткометражен игран филм „The Sign“ на програмата  Cannes Directors на 72.издание на Канскиот филмски фестивал.

– Многу ми е мило што сум во Кан, мојата прва посета на градот и фестивалот е со филм кој е на Кензен, што е огромна привилегија. Работата на овој филм со режисери од 10 различни земји беше вистински професионален предизвик и мило ми е што Агенцијата за филм го поддржа проектот затоа што е одлична можност да се промовира и македонската кинематографија на еден од најпрестижните фестивали во светот. Сега останува публиката да си го каже своето“ – изјави Венинова пред проекцијата во Кан.

Од петте краткометражни филмови сработени од 10 режисери односно во тандеми од двајца за секој филм, македонскиот „The Sign“ остави најголем впечаток.

„The Sign“ е еден од петте краткометражни играни филмови снимени како дел од проектот  Soth European Factory кој е реализиран според концептот La Factory, основан од Dominique Welenski и Directors Fotnight.

Оваа проекција беше првата значајна активност за промоција на нашата кинематографија. Во наредните денови до крајот на Канскиот филмски фестивал на македонскиот штанд во павиљонот на Југоисточна Европа македонските филмските професионалци и Агенцијата за филм ќе го промовират нашиот филм и ќе се обидат да договорат идни копродукции.

Со промотивнте материјали како што е каталогот со проекти и информации за можностите да се снима кај нас, како добра дестинација за филмски локации, но и кретивен филмски потенцијал од бројните посетители од европската филмска индустрија во Кан, се очекува да се олесни пробивот на македонскиот филм надвор од границите но и да донесе странски продукции кај нас.

Во сабота на 18 мај ќе се одржи Генералното собрание на Асоцијацијата на директорите на европските филмски агенции каде македонската Агенција за филм аплицираше за членство

Освен тоа сосема извесно станува дека барањето за членство на Агенцијата за филм да стане дел од Асоцијацијата на директорите на европските филмски агенции ќе биде прифатено на Генералното собрание што ќе се одржи во Кан.

Филмскиот маркет на 17 мај во 18 часот ќе биде резервиран за проекција на филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштим Бектеши, копродукција меѓу Македонија, Косово и Албанија.

До крајот на Канскиот филмски фестивал домашната продукција ќе се промовира и со третата работилница за развој на сценарија на која и претходеа оние во Стредин, Полска и во Берлин за време на Берлинскиот филмски фестивал каде што ќе учествива новиот филмски проект на режисерот Вардан Тозија насловен „М“ кој е во фаза на предпродукција.

Македонскиот деск на МЕДИА односно раководителската Бистра Георгиева ќе учествува на Европскиот филмски форум „Европски таленти: зајакнување на креативниот потенцијал“ каде што ќе се договараат меѓусебни соработки.

Канскиот филмски фестивал беше отворен на 14 мај со проекцијата на новиот филм на режисерот Џим Џармуш „Мртвите не можат да умрат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...