Црниот дроб е веројатно еден од најважните органи во нашиот организам затоа што извршува повеќе од стотина функции, но модерното темпо на животот како што е консумирањето на алкохол, шеќер може да доведе до смртни последици како што е цироза на црниот дроб.
За голем дел од нас кафето е составен дел од денот. Меѓутоа, малкумина знаат дека со пиењето кафе прават нешто добро и за своето здравје.
Дури 35 отсто од алкохоличарите ќе развијат постепено алкохолен хепатитис, почеток на развојот на цироза на црниот дроб. Консумирањето алкохол секој ден ќе доведе до огромна потреба на црниот дроб за кислород, а исто така, предизвикува таложење на мастите во црниот дроб што му ја отежнува работата да земе кислород. Така настанува воспалителен процес како одговор на имунолошкиот систем кој ги уништува сите можни клетки во вашиот црн дроб.
Луѓето кои пијат кафе секој ден имаат дури 84 отсто помал ризик од развој на цироза, со најсилен ефект за оние кои пијат 4 или повеќе филџани дневно.