Владата нема да биде сопственик на МЕПСО и МЕР

Сопственик на МЕПСО ќе биде Министерството за транспорт и врски, а на МЕР, Министерството за економија.

738

Сопственоста на државните енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и МЕР, според новиот Закон за енергетика ќе биде раздвоена, информира вицепремиерот за економски параша Кочо Анѓушев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши посветена на новиот Закон за енергетика.

– ЕЛЕМ ќе остане во сопственост на Владата, на МЕПСО сопственик ќе му биде Министерството за транспорт и врски, додека сопственик на МЕР ќе биде Министерството за економија – информира Анѓушев.

Тој појасни дека сопственик на енергетските компании до сега била Владата, а тоа се коси со новиот Закон за енергетика и евроспкитеп равила во тој однос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...