Даниел Крег, кој го толкува агентот 007 од 2006 година, се лизнал во текот на снимањето на филмот, и веднаш со авион бил превезен во Америка.
Како што пренесува „Сан“, актерот се повредил во текот на снимањето на една од последните сцени на Јамајка.
Дополнително било потврдено дека дејствието на новиот филм „Бонд 25“ ќе се занимава со животот на агентот Бонд по пензионирањето.
– Во текот на снимањето Крег трчал и неспретно паднал, подоцна дознавме дека го повредил зглобот. Беше многу незадоволен, мора да паузираме снимањето на филмот – рекол еден од работниците на филмот.
Оваа повреда се случила откако Крег се здобил со цела низа повреди на снимањето на претходните продолженија за популарниот агент. На снимањето на „Казино Ројал“ останал без неколку заби, а снимањето на продолжението „Quantum of Solace“ ќе го памти, бидејќи истегнал мускул.