„Симпсонови“ повторно ја предвидоа иднината ФОТО+ВИДЕО

Епизодата на популарното анимирано шоу, под наслов „The Serfsons“ од октомври 2017 година, била во вид на пародија на „Игра на тронови“.

234

„Симпсонови“ се емитуваат од 1989 година, а во нивното 30-годишно постоење, предвиделе многу настани од иднината.

Епизодата на популарното анимирано шоу, под наслов „The Serfsons“ од октомври 2017 година, била во вид на пародија на „Игра на тронови“, така што го илустрирала токму она што се случило во претпоследната епизода на „Игра на тронови“.

Пред крајот на епизодата на „Симпсонови“ семејството гледа над средновековната верзија на Спрингфилд која ја пали лутиот змеј, а токму тоа се случило кога Даенерис и нејзиниот змеј Кингс Лендинг претвориле сè во пепел.

„„Симпсонови“ повторно ја предвидоа иднината“, коментирале Твитер-корисниците, кои биле изненадени од исечокот од епизодата на „Симпсонови“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...