Хуан Гуаидо: Во армијата на Венецуела расте незадоволството

102
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Бунтот на група венецуелски војници на 30 април покажа дека има луѓе во армијата кои се незадоволни од постојниот режим, изјави лидерот на опозицијата и привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

Настаните од 30 април нацртаа јасна граница за владејачкиот режим.

– Војската и вработените во јавниот сектор треба да го надминат стравот – вели Гуаидо, кој верува дека наскоро ќе дојде до уривање на режимот на Николас Мадуро.

Лидерот на опозицијата забележува дека „вооружените сили ќе играат улога во политичката транзиција во Венецуела” и дека „тие се потребни и за преодниот период и за обнова” на земјата.

Гуаидо изрази уверување оти „сега станува очигледно дека режимот веќе не може да се потпре на војската за да го осигура своето постоење, бидејќи во армијата постои големо незадоволство”.

ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...