Сингапурци ќе платат по 45.000 долари затоа што издавале станови на Airbnb

Суд во Сингапур им изрече казна од по 45.000 долари на две лица кои издавале четири стана под наем преку интернет страницата Airbnb.

173

Суд во Сингапур им изрече казна од по 45.000 долари на две лица кои издавале четири стана под наем преку интернет страницата Airbnb.

Ова е првиот случај на судски спор против лица кои ја користат оваа интернет страница, во спротивност на законите за краткорочно издавање недвижности. Градот – држава кој обично се гордее со едноставните услови за водење бизнис, минатата година донесе закон со кој го забранува издавањето станови без согласност од државната институција УРА. Судијата Кенет Чу изјави дека казните треба да послужат како пример за другите Сингапурци кои го користат Airbnb.

Според законот, сопствениците на приватни домови можат да ги издаваат најмалку за три месеци. Но, повеќето станови во Сингапур се во јавна сопственост, и според законот, лицата кои ги корисат овие станови може да ги издаваат на други лица, но најмалку за шест месеци. Двајцата осудени Сингапурци ги нуделе становите во наем за периоди покуси од шест месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...