Франција останува во Ирак

92

Франција не планира да ја прекине воената обука во Ирак, откако тоа го направија Германија и Холандија, изјави претставник на француското Министерство за одбрана.

Според него, „нема никакви промени во врска со францускиот ангажман“.

Во Франција во моментот работат 300 војници за обука во Ирак.

Германија и Франција одлучија да ја прекинат воената обука во Ирак, додека Кувајт ја подигна подготвеноста на армијата на највисоко ниво.

Американската амбасада во Ирак претходно соопшти дека добила наредба од Стејт Департментот да го повлече целиот персонал кој не е неопходен, поради зголемените тензии со Иран.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...