Бројот на барања за азил во Австрија минатата година е драстично намален

Од поранешните југословенски републики, во Австрија минатата година азил побарале 45 државјани на БиХ, тројца од Хрватска, 117 од Македонија и 145 од Србија.

89
Foto: MVR

Бројот на барања за азил поднесени во Австрија минатата година драстично е намален, покажуваат статистичките податоци на австриското Министерство за внатрешни работи.

Минатата година имало 41,5 отсто помалку поднесени барања за азил од 2016 година, а најмногу баратели имало од Сирија и Авганистан. Лани биле поднесени вкупно 24.735 барања за азил, а од тој број 30 отсто молби биле од Сиријци, а 15 отсто од Авганистанци. Потоа следуваат државјани на Пакистан, Нигерија, Ирак и Русија, со по шест проценти.

Од поранешните југословенски републики, во Австрија минатата година азил побарале 45 државјани на БиХ, тројца од Хрватска, 117 од Македонија и 145 од Србија. Од Косово азил побарале 150 луѓе.

На државјаните на БиХ им биле одобрени само три барања, на Косовците четири, на Хрватите сите барања, а кај Македонците биле одобрни две барања, што е 1,4 отсто позитивни одговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...