Путин расположен за средба со Трамп на Самитот на Г-20

56
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека можеби ќе има средба со својот американски колега Доналд Трамп на маргините на Самитот на Г-20, што кон крајот на идниот месец ќе се одржи во Јапонија.

Изјавата на Путин следи по вчерашната најава на Трамп дека планира да се сретне со него за време на Самитот на Г-20.

Кремљ во реакција на изјавата на Трамп, денеска соопшти дека Путин „е расположен за состанок“ со американскиот претседател, но дека засега од Вашингтон не е добиено никакво официјално барање за средба.

Путин на заедничка прес-конференција со австрискиот претседател Александер ван дер Белен во Сочи денеска изјави дека Русија е целосно подготвена за нормализација на односите со САД, тогаш кога во Вашингтон ќе се создадат интерни политички услови за нешто такво.

– Подготвени сме, но не зависи од нас, туку од нашите американски партнери. Кога тие ќе бидат подготвени за тоа и кога ќе се промени нивната внатрешна политика за да биде продуктивна, ние сме подготвени на се што е неопходно од наша страна – изјави Путин.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...