Шпанските служби за итни случаи го евакуираа екипажот од транспортниот брод „Гранд Европа“, кој се запали во морето на 30 километри јужно од Палма де Мајорка.
Службите за итна помош на Твитер информираа дека 14 членови на екипажот биле евакуирани, додека останатите останале на бродот за да помогнат да се изгасне оган.
Во спасувањето учествуваат два хеликоптера и три бродви.
Се уште не е позната причината за пожарот.