Лути пиперчиња и против рак на бели дробови

Капсаицинот е силен антиоксиданс кој помага за регенерација на клетките, го јакне имунитетот и го намалува ризикот од некои видови тумори. Освен капсаицинот, пиперчињата и чилито се богати со витамин Ц и каротеноиди кои ги штитат клетките на крвните жили од оштетувања, а се благотворни и за белите дробови.

574

Правилото дека треба да се јадат пет порции овошје и зеленчук на ден и натаму важи. Но, постојат два вида зеленчук на кои им се припишува заштитничка улога за зачувување на здравјето на белите дробови и срцето, односно, за спречување на развој на болестите кои се најчесто смртоносни, а тоа се кардиоваскуларните болести, мозочниот удар и ракот на бели дробови.

Диететичарката Џулиет Кело и лекарката Сара Бруер советуваат во исхраната да се воведат чили и останатите видови на лути пиперчиња.

Пиперчињата го зајакнуваат дејството на каротеноидите и витаминот Ц, додека чилито е поврзано со губењето на килограмите и здравјето на срцето, вели Кело.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...