И мажите имаат биолошки часовник

Која е граничната возраст за татковство и кои се ризиците за децата?

680

Жените многу почесто размислуваат за својот биолошки часовник и за тоа која е најдобрата возраст да се стане мајка, но и возраста на мажот има незанемарлива улога. Повеќе се става акцент на биолошкиот часовник и на плодноста кај жените, но новите истражувања тврдат дека ни мажите немаат многу време за деца. Според студијата објавена во списанието Maturitas, мажите би требало да размислат за зачување на својата сперма пред таа да достигне до поодмината возраст за станување татко. Таа гранична возраст се смета дека е онаа над 40 години, но кај некои мажи тоа се и доцните триесетти.

Во тие години доаѓа до намалување на плодноста и на можноста за зачнување, но и до поголеми ризици во бременост. Имено, поодминатата возраст на таткото може да ги зголеми шансите за гестациски дијабетес, прерано раѓање на детето или прееклампсија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...