Рекорд: Слика на Моне продадена за 110,7 милиони долари

Претходните сопственици ја купиле сликата во 1986 година за 2,53 милиони долари. „Сотеби“ не дал никакви детали за новиот купувач.

113

Моне (1840-1926) серијата со пластови сено (Les meules) од 25 платна ја насликал недалеку од својата куќа во француското село Живерниј од летото 1890. до жетвата 1981 година.

Сликата била продадена на аукција на импресионисти и модерни уметности во вторникот вечер. Во „Сотеби“ велат дека тоа е рекорд за некое дело на овој уметник и прв труд на некој импресионист кој ја надминал цифрата од 100 милиони долари на аукцијата, пренесува АП.

Сликата од 1890 година е една од само четирите дела од прочуената серија „Пластови“ на Моне, која во овој век ќе се најде на аукција, и еден од само осум примероци кои се и понатаму во приватно сопствеништво. Останатите 17 се наоѓаат во музеите, вклучувајќи ги и њујоршкиот Метрополитен и Уметничкиот институт во Чикаго.

Претходните сопственици ја купиле сликата во 1986 година за 2,53 милиони долари. „Сотеби“ не дал никакви детали за новиот купувач.

FOTO: Tanjug / Courtesy Sotheby’s via AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...