Министерот за транспорт и врски не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.
– Искрено не очекувам. Меѓутоа ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа – изјави Сугарески.
Тој денеска беше на увид до каде е реализацијата на реконструкцијата на регионалниот пат Таор – Драчево.