Совети од стручњаците: Има спас и за проширените вени

Одбегнувајте тесни обувки и чорапи кои го блокираат протокот на крв кон срцето.Секое туширање на нозете завршете го со студена вода и масирање во насока насрцето.

332

Проширените вени се мошне често заболување, но стручњаците велат дека
нивното настанување може да се забави доколку барем малку се сменат
животните навики.

Еве ги нивните совети:
Повеќе движете се, а помалку стојте. Кога и да можете да седнете или да легнете,
задолжително поткренете ги нозете.

Одбегнувајте тесни обувки и чорапи кои го блокираат протокот на крв кон срцето.
Секое туширање на нозете завршете го со студена вода и масирање во насока на
срцето.

Пред спиење или одморање во текот на денот намачкајте ги нозете со некој
заштитен крем и направете ладни облоги.

Пожелно е секојдневно да шетате или лесно трчате, или да пливате.
Наутро, пред станување, со кренати нозе облечете цврсти еластични чорапи по
мерка.

Одбегнете прекрстување на нозете, ако долго седите на работа или ако патувате.
На крајот, еднаш годишно одете на лекар и правете ултразвучен преглед на
вените на нозете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...