Францускиот претседател Емануел Макрон сака да се сретне со либискиот командант Калиф Хафтар, за да издејствува примирје и продолжување на преговорите во таа земја, изјави денеска министерот за надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан.
Макрон повика на прекин на едномесечната битка за престолнината Триполи, минатата недела, по состанокот со либискиот премиер Фајез Ал Сарај, поддржан од Обединетите нации.
Триполи има меѓународно призната влада, но некои европски земји, меѓу кои и Франција, го признаа и поддржаа воениот командант Хафтар, сметајќи дека тоа е начин за излез на земјата од хаосот кој настана по рушењето од власт на Муамер Гадафи во 2011 година.