Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети тренинг центарот „Чкалов“ во проверка на модерните воздушни технологии и вооружување, вклучувајќи ги и борбените авиони МИГ-31 опремени со хиперсоничниот проектил „Кинжал“, соопшти Кремљ.
Путин ги разгледали последните модели на авиони.
Меѓу изложените авиони е и петата генерација на Сухои-57. Група од шест слични авиони го испратил авионот на претседателот .
На претседателот во центарот му е прикажан и најновиот модел на борбен авион МИГ-35 и примероци на новите беспилотни летала – се вели во соопштението.