Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави порака на Твитер пред денешната средба во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи дека одговорност на функционерите на двете земји „во национален интерес, е да пронајдат начин да се оди напред“.
„Моите состаноци во Русија ќе истакнат неколку важни теми. За некои прашања можеме да се согласиме, за некои не, но кога се во прашање националните интереси на земјите, наша е одговорноста да најдеме начин да одиме напред“, напиша Помпео на Твитер.
Ова е прва посета на Помпео на Русија во својство на шеф на Стејт департментот.
Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си во текот на викендот, Помпео изјави дека планира да разговара со Путин и Лавров за ситуацијата во Венецуела и оти ќе настојува да најдат заеднички став за прашањата за Сирија и за Авганистан.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS