Властите на округот Маскоуги во Оклахома соопштија дека доцна синоќа биле забележани експлозија и пожар во фабриката за производство на хартија „Џорџија- Пацифик“ во истоимениот град во северниот дел на таа американска сојузна држава.
Зградата била евакуирана и сите вработени од компанијата биле на број, информираат американски медиуми.
Се наведува и предупредувањето на властите до граѓаните да го избегнуваат местото на несреќата.