Анѓушев: Релаксиран сум од најавената „метла“, за тоа е надлежен премиерот

237

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер.

– Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си зел слобода да го дискутирам. Несериозно е од кој било друг да дава одговор на тоа прашање. Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. Јас можам слободно да ви кажам дека сите тие кои заземаат државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат, а и добро е да ги напуштат бидејќи не е така лесно да се биде во Влада. Јас комплетно сум релаксиран од тоа прашање и тоа е клучно во ингеренциите на премиерот – рече на новинарско прашање вицепремиерот Анѓушев, кој денеска имаше обраќање на регионална конференција за факторинг како алтернативен на финансирање на малите бизниси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...