Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си.
Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокот го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола.
Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 милијарди долари, да ги ажурираат апликациите како дополнителна мерка на претпазливост.
Нападот бил откриен претходно овој месец, а штетниот софтвер бил изработен од израелската безбедносна компанија НСО Група.
Во изјава за Би-Би-Си од Ватсап велат дека нивниот тим за безбедност, веднаш штом го открил хакерскиот напад ги известил релевантните здруженија за човекови права, безбедносните агенции и американското Министерство за правда.