Останките на жртви на медицинските експерименти на нацистите конечно упокоени во Берлин

102

На гробишта во германскиот главен град Берлин денеска беа погребани останките на жртви на медицински експерименти, вршени во периодот на нацистичката диктатура во Германија пред повеќе од 70 години.

Станува збор за над 300 микроскопски примероци на жртви, најголемиот број жени, кои биле убиени за време на Третиот Рајх, што по нивната смрт биле користени за медицински експерименти.

Телата на убиените жртви биле сецирани на Анатомскиот институт на Берлинскиот универзитет и потоа делови од нив биле користени за експерименти.

Овие примероци биле пронајдени пред три години од страна на наследниците на анатомот Херман Штиве, кои потоа ги предале на група што се бори за правата на жртвите на нацизмот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...