Москва и Пекинг активно соработуваат, што придонесува за јакнење на глобалната безбедност и стабилност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред средбата со кинексиот колега Ванг Ји.
– Руско-кинеската соработка е еден од клучните фактори во одржувањето на меѓународната безбедност и стабилност и воспоставувањето мултиполарен светски поредок – истакна Лавров.
Тој посочи дека Кина е клучен партнер на Русија на меѓународната сцена, појаснувајќи дека двете земји блиско соработуваат во повеќе мултилатерални организации, меѓи кои и ОН, Г20, БРИКС и други.
– Исто така, ја цениме и воената и воено-техничката соработка, интеракцијата меѓу полициските агенции, вклучувајќи ги и оние кои се занимаваат сор аботба против тероризмот, трговијата со наркотици и организиран криминал – изјави рускиот министер.