Роберт Гејтс: Кандидатите за претседател на САД се премногу возрасни

Тргнувајќи од свое искуство, тој додаде дека прашањето за интелектуалните способности во одмината возраст е проблем како за него, така и за споменатите кандидати, „кои не се доволно енергични за функцијата претседател на САД“.

104

Доволно одминатата возраст на кандидатите за претседател на САД на изборите во 2020 година е „проблем“, оцени поранешниот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Конкретно, како што јави дописникот на МИА во Вашингтон, тој говореше за интелектуалните способности на поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот Берни Сандерс и актуелниот шеф на државата Доналд Трамп. Во моментов Бајден има 76 години, Сандерс 77, а Трамп е на возраст од 72 години.

– Не сум убеден дека на таа возраст може да се зачува остроумноста која би можеле да ја имате на возраст од 60 години – изјави Гејтс, кој и самиот има 76 години.

Тргнувајќи од свое искуство, тој додаде дека прашањето за интелектуалните способности во одмината возраст е проблем како за него, така и за споменатите кандидати, „кои не се доволно енергични за функцијата претседател на САД“.

Гејтс, кој е републиканец, смета дека претседателот Трамп на возраст од 72 години можеби е исто така престар за таа функција. Трамп е највозрасниот претседател досега по поранешниот претседател Роналд Реган, кој го започнал својот втор мандат на 73-годишна возраст.

Гејтс укажа дека Реган сепак бил „доволно голем претседател“.

Демократската партија во САД исфрли дваесетмина учесници во трката, од кои најмладиот има 37 години, а најстариот има 77, кои се натпреваруваат за номинацијата претседателски кандидат кој ќе се бори против Трамп на следните избори во ноември 2020 година. Двајцата највозрасни, Бајден и Сандерс, се постојано на врвот на регионалните и националните анкети за популарност на демократските кандидати во претседателската трка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...