Пијан петел

Се сеќавате на „кокошката“ од Тафталиџе 1? Ете, толку се оддалечивме од природата што веќе не разликуваме ниту петел од кокошка. И после се чудам зошто наместо наутро, овој градски шизик кукурика цела ноќ! За да ми се одмазди, ете затоа!

574

Сите нас, барем еднаш кога почнало да зазорува не разбудило кукурикање на петел. Се разбира, ако сме имале среќа да се најдеме во некое село или во близина на село.

Јас првата блиска средба со петел ја имав многу одамна, како дете, кога бев на гости кај тетка ми во село Црешово. Ме пратија да наполнам вода од пумпата во дворот и таман кога се враќав, ми се стрча еден петел, ме извади од памет и толку силно почнав да врескам што се собраа сите соседи, а стомната – се скрши.

Подоцна во животот среќавав уште неколку пати вакви пердувести животни ама не им обрнував повеќе внимание. Така веројатно и ми се случи кога го здогледав ова пердувесто животинче како гордо шета низ моето маало, да не сфатам дека е петел и да го наречам кокошка.

Од оваа прва средба и текстот посветен на „кокошката“ од Тафталиџе 1, почнав редовно да ја (го) слушам и да ја (го) гледам.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...