Во Грција 40 партии ќе се борат за влез во Европарламентот

За учество на европските избори секоја партија или коалиција, потребно е да плати 3.000 евра, додека пак надоместокот за секој кандидат за европратеник е 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

46
Вкупно 40 од пријавени 50 партии и коалиции ќе учествуваат на европските избори во Грција, што ќе се одржат од 23 до 26 мај. До Врховниот суд на Грција првично биле доставени кандидатури на 50 партии и коалиции, девет барања биле одбиени, а една партија сама се откажала.

За учество на европските избори секоја партија или коалиција, потребно е да плати 3.000 евра, додека пак надоместокот за секој кандидат за европратеник е 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

На минатите евроизбори во 2015 година учествуваа 43 коалиции и партии, а во 2009 година само 27.

На 26 мај, Грците со одбележување на најмногу четири кандидати од предложените на гласачките ливчиња, ќе ги одберат претставниците на земјата во Европскиот Парламент. Грција во ЕП учествува со 21 европратеник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...