Нетанјаху: Суспендиран договорот со ОН за африканските бегалци

Израелски медиуми јавија дека Нетанјаху објавил на Фејсбук дека го замрзнува најновиот договор со ОН.

67
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е суспендиран договорот со агенцијата за бегалци на ОН за преселување африкански мигранти во западни држави.

Неколку часа откако беше објавено дека со Агенцијата на ОН за бегалци е постигнат договор со кој повеќето од 16.000 Африканци кои бараат азил во Израел ќе бидат испратени во западни држави, а не вратени во африкански земји, Нетанјаху на Фејсбук објави дека договорот ќе биде „ставен на чекање“.

Израелски медиуми јавија дека Нетанјаху објавил на Фејсбук дека го замрзнува најновиот договор со ОН.

„Ве слушнав. Особено, граѓаните од југот на Тел Авив. Засега го суспендирам догвоорот“, нагласи Нетанјаху. Тој вети состанок со министерот за внатрешни работи и жители на јужниот дел од Тел Авив каде се сместени голем број мигранти.

Вчера, Нетанјаху изјави дека станува збор за уникатен договор меѓу Високиот комесаријат за бегалци при ОН и државата Израел за преселување на 16.250 луѓе во развиените земји како што се Канада, Германија или Италија. Високиот комесаријат ја презеде обврската да го организира преселувањето мигранти и да го финансира истото, изјави вчера израелскиот премиер за локалните телевизии.

Пред постигнувањето на вчерашниот договор Израел планираше враќање на мигрантите во Африка. Израелската Влада им даде рок на мигрантите до 1 април да ја напуштат земјата и да заминат во неименувана африканска држава, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет. Во спротивно, се предвидуваше, да бидат затворени на неодредено време.

Од тие причини, беа одржани повеќе протести на Африканците, најголемиот дел од Еритреја и од Судан, кои во повеќе наврати потенцираа дека го почитуваат Израел, но стравуваат од протерување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...