Документарец за Шумахер ќе гледаме во декември

Легендарниот германски возач беше тешко повреден на скијање пред шест години, на 29 декември 2013, што му предизвика проблеми со говорот и помнењето и парализа.

106

Документарен филм за седумкратниот шампион на Формула 1 натпреварувањето, Михаел Шумахер, ќе излезе во декември.

Станува збор за досега необјавени архивски снимки и сведоштва на неговото семејство. Легендарниот германски возач беше тешко повреден на скијање пред шест години, на 29 декември 2013, што му предизвика проблеми со говорот и помнењето и парализа. Неговото семејство и портпаролите досега претпочитаа сè тоа да остане надвор од фокусот на медиумите, но се знае дека Шумахер сега се движи со помош на ортопедска количка.

Филмот под наслов „Шумахер” е во режија на германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, а премиерата прво ќе биде прикажана во Германија и Швајцарија на 5 декември

Шумахер (50) во својата кариера победил во рекордни 91 трка. Од Формула 1 се повлече во 2012 година, со освоени седум шампионски титули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...