Штајниц: Не ја исклучувам можноста Иран да го нападне Израел

348

Израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц денеска предупреди на евентуални директни или посредни напади од Иран врз Израел, доколку би ескалирале судирите помеѓу Техеран и Вашингтон.

Тој наведе дека се „загрева“ ситуацијата во Персискиот Залив.

– Доколку постои вид на судир помеѓу Иран и САД, помеѓу Иран и неговите соседи, не исклучувам дека ќе се активираат Хезболах и исламиските џихадисти од Газа или дури и ќе се обидат да истрелаат ракети од Иран кон Израел – посочи Штајниц.

САД го зголемија економскиот и воениот притисок врз Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските лидери да се откажат од нуклеарната програма за да не се случи вооружен судир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...