Еден од кандидатите на опозицијата за градоначалник на Истанбул, Муамер Ајдин денеска објави дека ја повлекува својата кандидатура на повторените избори што ќе се одржат следниот месец.
„Се повлекувам од листата на Демократската левичарска партија (ДСП) за градоначалник на Истанбул“, напиша Ајдин на Твитер.
Неговата одлука може да се протолкува како отстапка за Екрем Имамоглу, кој на изборите во март освои најголем број гласови.
Неодамнешната победа на Имамоглу беше прва загуба за партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по 25 години во Истанбул.
Ајдин на изборите освои 30.000 гласови, но засега е непознато дали гласачите на ДСП ќе го поддржат Имамоглу на 23 јуни