Закерберг: Ќе треба време да ги решиме проблемите на Фејсбук

144

На Фејсбук најверојатно ќе му требаат „неколку години” за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“ за пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Закерберг.

Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам”, бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет-врската меѓу луѓето, изјави Закерберг.

Во интервју за сајтот „Вокс“ сопственикот на Фејсбук истакна дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...