Најдобар начин за превенција од меланом секогаш е редовната контрола на бенките и на другите промени на кожата. Еве какви видови бенки има и како навреме да се забележат промените на нив.
Јункционална меланоцитична бенка
Тоа е бенка што настанува уште во раната возраст кај децата и младите. Најчесто се појавува налик на мали точкички и може да се наоѓа секаде по телото. Мошне се ретки случаите во кои таквите видови бенки настануваат во 50-тите или 60-тите години од животот. Сама по себе е безопасна и личи на пега. Главно се кафеави, темнокафеави или дури и црни.
Сложена бенка
Најчесто е безопасна. Може да ја има секој и може да биде со различен интензитет, со посветла или темнокафеава боја. Средниот дел обично е издигнат и тука се сместени пигментите клетки. Во повеќето случаи станува збор за бенигна творба што ретко се претвора во поопасни облици.
Интрадермална бенка
Обично е со боја на кожата или благо светлокафеава и тие најчесто се отстрануваат од естетски причини ако на лицето му пречат или ако постојано ги повредуваат. Главно ги има на главата, вратот или на горниот дел од телото, а понекогаш од нив можат да растат и влакна. Најчесто се безопасни.
Пегички
Тие се често кожни промени кај луѓето со светол тен, кои можеби имаат и малку црвеникава коса или веѓи, сини очи. Не се опасни и не бараат лекување и никогаш не преминуваат во меланом. Со оглед на тоа дека станува збор за пигментни клетки што реагираат на УВ-зрачење, на кожата ги има повеќе во текот на летото отколку во зима.
Лентиго
Во прашање се кафеави дамки налик на пеги, кои се јавуваат во пределот на рамото и на горниот дел од грбот. Настануваат ако кожата е оштетена заради често изложување со сонце. Лицето што има многу такви промени, секако би требало да се побара совет од дерматолог, затоа што поради долго изложување на сонце постои опасност од развој на меланом.
Дисплатична или атипична бенка
На телото може да се јави само една таква бенка, а може да се јават и повеќе. Може да се појават каде било и кај овој тип треба да се биде внимателен затоа што настануваат како резултат на изложување на сонце. Може да имаат различна боја и форма и секој што ќе ја забележи на кожата, задолжително треба да оди на лекар заради контрола. Обично таквите бенки се големи, рамни и со неправилни рабови и пигментации.
При набљудувањето на бенките и промените на нив треба да се запомни едноставното АБЦДЕ правило:
Асиметрија – ако е со нееднаква висина, различни бои, на еден дел поголем или потенок, треба да се побара лекарско мислење.
Рабови (Border) – ако рабовите не се правилни, туку назабени.
Боја (Color) – ако боите на бенката се различни или одеднаш бенката ја сменила бојата.
Дијаметар – ако бенката почнала да ги менува пропорциите и ненадејно да се шири.
Развој (Evolving) – ако бенката почнала да расте или да се менува, време е за посета на дерматолог.
ВАЖНО: Ниедна од наведените промени не е алармантна и важно е да се предупредат луѓето дека меланомот успешно се лекува доколку навреме се открие.