Промоција на „Бајки од Македонија за цела година“ утре на Саемот на книга

579

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ –  „Браво Сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“ ќе ја промовираат новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“. Промоцијата ќе се одржи во рамките на годинешниот Саем на книгата, на штандот на „Арс ламина“, на 13.05.2019 година, со почеток во 12.00 часот.

Новата едиција е составена од 52 бајки од македонското народно творештво, или по една бајка за секоја недела во годината. Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски.

Креативниот концепт и илустрацииите се изработени од илустраторката Катерина Николовска, која работеше и на креативните решенија на претходните изданија на „Бајки од Македонија“.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...