Како да препознаете дека сте интолерантни на некоја храна, еве ги симптомите

Кога е во прашање интлеранцијата на некоја храна, не поминува правилото дека во сѐ смеете умерено да уживате.

391
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Доколку некои од симптомите наново се појавуваат по јадењето, можеби станува збор за интолеранција на некои од намирниците.

На кои симтпоми треба да обрнете внимание:

Желба за храна
Кога е во прашање интлеранцијата на некоја храна, не поминува правилото дека во сѐ смеете умерено да уживате. Консумирањето на храната на која сме чувствителни, доведува до интензивна работа на системот за варење кој дава сигнали дека нешто не е во ред.

Ако по извесно време повторно почувствувате копнеж по одредена храна и повторно дојде до проблеми во системот за варење, значи дека сте интолерантни на хистамин и дека мора да избегнувате намирници кои се богати со овој биоген амин кој често се наоѓа во преработената храна.

Замор
Хроничен замор кој се јавува и после неколку часа сон може да биде показател дека сте интолерантни на намирниците кои ги јадете секој ден, а не сте свесни за тоа. Заморот и недостатокот од енергија означува дека храната не се разградува како што треба и дека телото не може да ги апсорбира сите тие хранливи материи. Телото вложува големи напори за да се ослободи од соединенијата кои му штетат, поради што нивото на енергија секој ден се намалува, а заморот расте.

Киселини
Иако најчеста причина за ова е ниското ниво на желудочна киселина, понекогаш болките во стомакот се појавуваат поради консумирање на храна на која сте интолерантни. Ако забележите дека лековите за киселини не ви помагаат тогаш веројатно токму таа интолеранција е причина да се јавуваат тие киселини.

Болки во зглобовите
Повеќето луѓе сметаат дека болките во зглобовите се знаци на старост, но понекогаш таа болка е индикатпр на хронични воспаленија во нашето тело. Болките во зглобовите знаат да се појават откако ќе се напиеме млеко или некој млечен производ, а потоа можат да следуваат разни воспалителни процеси. Храната која предизвикува болк проследени со други симптоми, како проблеми во варењето или главоболки, може да биде знак на интолеранција на одредени намирници како што е глутенот.

Осип
Кожата е наш најголем орган па проблемите во внатрешноста на организмот често се манифестираат надвор, на кожата. Зачестените проблеми со кожата, дури и кога сме ги испробале сите можни третмани, можат да бидат показатели за интолеранција на храната која секојдневно ја консумираме. Затоа се препорачува да се обрнува внимание на состојбата на кожата кога јадеме нешто што може да предизвика кожни проблеми.

Пречки во варењето
Најчест симптом на интолеранција на храна се токму пречките во варењето кои вклучуваат гасови, надуеност и запек. Причина за тоа е пореметувањето на добрите бактерии кои се дел од нашето варење, а на оние кои редовно имаат проблеми им се препорачува да одат на лекар и да дознаат дали станува збор за интолеранција на некоја храна.

Секој од симтомите, освен на здравјето, влијае и на нашиот изглед и доброто расположение. Затоа треба да се земе предвид дека она што го јадеме секој ден можеби не е добро за нашиот организам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...