Гуаидо бара итна комуникација со американската војска

170
foto MIA

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, кој ја предводи кампањата за соборување од власт на претседателот Николас Мадуро, изјави дека му дал инструкции на својот претставник во Вашингтон, Карлос Векиo итно да започне комуникација со американската војска. Гуаидо, кој е поддржан од САД, истакна дека побарал од Векио да започне „директни комуникации“ поради можни координации.

Тој додаде дека ги држи отворени „сите опции на маса“ за соборување од власт на Мадуро. Венецуелските безбедносни сили неодамна го уапсија вториот човек на венецуелскиот опозициски „конгрес“ Едгар Самбрано, по неуспешниот обид за воен удар минатата недела.

Владата на Венецуела соопшти дека Самбрано и осум други припадници на опозициското движење се обвинети за предавство на татковината и поттикнување бунт поради нивните улоги во минатонеделните немири.

Претседателот Мадуро изјави дека тој е мета на американски заговор, објаснувајќи дека понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите за припадниците на воените сили кои ќе се спротивстават на својата Влада претставува „навреда на нивната чест и достоинство“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...