Британската пејачка по потекло од Косово, Рита Ора, на своите родители им купи луксузна вила во Приштина.
Рита Сахатчиу (28), позната како Рита Ора, рекла дека за својот планетарен успех се најзаслужни нејзините родители Бесник и Вера.
„Рита им е вечно благодарна зашто ѝ дадоа шанса за подобар живот. Побегнаа од Косово за време на политичката криза и сега Рита сака да им се оддолжи на најдобар можен начин“, рекол извор близок до семејството Сахатчиу.
Рита за куќата издвоила 1,5 милиони британски фунти. Мајка ѝ Вера на Инстаграм се пофалила со убавата вила.
„Домот е каде што е срцето. Иако живееме во Лондон, на сопругот, мене и на децата ни е неизмерно важно да го посетиме нашиот роден град Приштина“, напишала мајка ѝ на Рита на социјалната мрежа.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм