По јавниот стриптиз, Леди Гага сега позира топлес и во танга ФОТО

„По долгата недела полна со обврски, време е за домашна забава”, напишала пејачката покрај фотографијата.

453

Само неколку дена откако изведе стриптиз на Мет Гала, контроверзната пејачка Леди Гага на Инстаграм објави фотографија облечена само во танга.

Леди Гага, која на почетокот на годината вниманието го пленеше со односот од Бредли Купер, со кого глумеше во филмот „Ѕвездата е родена“, овие денови повторно е во центарот на вниманието и тоа поради своите разголени изданија.

Овојпат пејачката во пресрет на викендот позирала покрај базенот топлес и во танга.

„По долгата недела полна со обврски, време е за домашна забава”, напишала пејачката покрај фотографијата на која позира гола во танга и со коктел во рацете покрај базен.

Пејачката пред неколку дена се појави на Мет Гала облечена во фустан во циклама боја, а потоа се соблекуваше 16 минути пред присутните за на крај да остане само во долна облека и црни чорапи.

FOTO: Lady Gaga/Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...