Тесла произведе 2.000 автомобили неделно

210

Вредноста на акциите на производителот на електрични автомобили Тесла вратија дел од својата вредност по падот од осум проценти во текот на минатата недела, предизвикан од сообраќајната несреќа во која лице загина возејќи се во самоуправувачка Тесла.

Менаџментот на Тесла испрати порака до вработените во која ги информираше дека компанијата успеала да произведе повеќе од 2.000 возила Модел 3 во текот на минатата недела, што е нов рекорд за Тесла. Ова придонесе да се намалат загубите на Тесла на светските берзи, предизвикани од сообраќајната несреќа.

Притиснат од серијата проблеми во компанијата, во неделата основачот на Тесла Илон Маск направи првоаприска шега, објавувајќи дека компанијата банкротирала.

– Илон беше најден во бессознание, легнат на Тесла Модел 3, празни шишиња Теслакила покрај него, со се уште видливи траги од солзи на неговите образи – напиша милијардерот на својот Твитер профил.

Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...