„Вчера во ресторанот „Канал 77“ во Штип беше направена шопска салата за светски рекорд, но за жал, таа нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што на настанот не дојдоа судиите од Гинис.
Доаѓањето на комисијата од Гинисовата книга на рекорди е премногу скапо“, рече шеф Марк Де Јонг во изјава за Арт кујна.
Де Јонг беше дел од тричленото жири кое внимаваше сѐ да биде регуларно и во поглед на квалитетот, хигиената и тежината на салатата.
Освен Де Јонг, член на жирито беа и шеф Љупчо Гиевски од „Александар Палас“ и Љупчо Јаневски, од Агенцијата за промоција на туризмот.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...