Меѓународна конференција за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор

118

Стопанската комора на Македонија на 16 мај (четврток) ќе организира меѓународна конференција на тема Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“. Во фокусот на програмата на Конференцијата ќе бидат актуелни теми од областа на агро секторот, вклучувајќи ги прашањата за рурален развој, традиционални земјоделски производи, земјоделско земјиште, подобрување на пазарните механизми за продажба на земјоделски производи, зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантираните традиционални специјалитети, органски производи, Hi’teh во земјоделството, како и низа други актуелни прашања за секторот.

На наведените теми ќе говорат признати меѓународни и домашни експерти со богато искуство од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, кои своите согледувања и ставови во врска со актуелните прашања ќе ги презентираат пред претставници на Владата и нејзините институции, науката, бизнис – секторот и пошироката јавност.

Акцент ќе биде ставен на отворање дискусија со предлог насоки за унапредување на  земјоделско-прехранбениот сектор и компаративните искуства кои може да послужат како позитивни примери од експерти од секторот за земјоделство, прехранбена индустрија и шумарство при Стопанска комора на Хрватска; од секторот за развој на методи и квалитет за советодавни услуги во земјоделството – Комора за земјоделство и шумарство на Словенија; од Сојузниот институт за земјоделска економија од Австрија, како и експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.

Конференција ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија во четврток. Целта е ставовите и пораките што ќе ги испорачаат бинзис секторот и домашните и меѓународни експерти од областа, да ги дефинираат насоките на идниот развој на агро секторот во државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...