Ардијан Вучетиќ од Струмица е 213. милионер на Државната видеолотарија. Тој го освои најпосакуваниот Милионер џек пот на Државната видеолотарија вреден 1.235.940 денари. Добивката е освоена во „Вамико бет“ во Струмица на 7. мај.
Младиот Ардијан во друштво на своите блиски, ја посети Државната видеолотарија за да ја подигне својата добивка. Тој е невработен, а ова е негова прва добивка.
Дваесетгодишниот Ардијан нема прецизен план за тоа како ќе ја троши добивката, но ни откри дека размислува за започнување на свој бизнис.
Џек пот добивките, Државната видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 213 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 317.837.324 денари. Покрај нив, освоени се и 37.127 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 211.656.525 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.