Цената на моторниот бензин во март пораснала за 11,1 отсто на месечно ниво, на дизелот за 2,5 отсто, на керозинот за 5,3 отсто, а на автоплинот за 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, пак, порастот на цената на бензинот е 3,6 отсто, на дизелот 14,1, на керозинот 10,1, а на авто плинот 11,4 отсто.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во март годинава се повисоки за 3,8 отсто на месечно ниво и за 13,3 отсто на годишно ниво.