Новата цена на горивата во вторник ќе ја дознаете на бензиска пумпа

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

2220

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи, оти трговците ќе ја формираат цената наместо тоа да го прави Регулаторната комисија за енергетика. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истечува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената. Новата методологија е заглавена во собранието бидејќи измените на Законот за енергетика не се потпишани од актуелниот претседател на државава Ѓорге Иванов.

Од Регулаторната комисија за енергетика смируваат, оти како што велат, добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Претседателот на комисијата, Марко Бислимовски изјави дека новите измени на законот следната недела повторно се најдат пред Собранието, а потпис ќе треба да стави новиот претседател на државава, Стево Пендаровски.

Со новите измени на Законот за енергетика се предвидува Комисијата цената на горивата да ја утврдува еднаш седмично наместо на две недели.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...