Во Косово од денеска официјално стапува во сила Законот за забрана на игрите на среќа, со кој се затвораат обложувалниците, казината и другите видови објекти за игри на среќа, освен оние на државната Лотарија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Законот, кој беше предложен од Владата по две последователни убиства на вработени во казино, минатиот месец беше изгласан во Собранието на Косово со големо мнозинство од пратениците.
Петнаесет дена по објавувањето во Службен весник, од денеска Законот стапува во сила.