Тој имаше 52, а таа 18 години кога се венчаа: Легендарниот Бил Вајман денес жали поради скандалозниот брак

Се венчале кога станала полнолетна, но Менди еднаш открила дека првпат спиеле кога имала 14 години.

899

Бившиот член на легенданиот бенд „Ролинг стоунс“, 82-годишниот Бил Вајман проговорил за својот контроверзен брак кој своевремено го склопил со втората сопруга, пејачката и манекенка Менди Смит.

Рокерот во 1989 година како 52-годишник се ожени со Менди која тогаш имала само 18 години, а сега признал дека тоа бил мошне неразумен потег, бидејќи мислел дека нивниот брак нормално ќе функционира.
Својата исповед ја изнел во новиот документарен филм „The Quiet One“ кој деновиве премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Трибека.

– Бев навистина глупав што воопшто помислив дека тоа би можело да успее. Беше премногу млада. Мислам дека требаше уште малку да го запознае светот – изјавил Бил.

И покрај тоа, смета дека тој брак едноставно требало да се случи, инсистирајќи на тврдењето дека вистински бил вљубен во Менди.

Бил и Менди се сретнале во средината на осумдесеттите години кога таа имала 13 години. Се венчале кога станала полнолетна, но Менди еднаш открила дека првпат спиеле кога имала 14 години. Тогаш Бил сам се пријавил во полиција.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...