Челси Менинг ослободена од притвор

111
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Поранешната разузнавачка аналитичарка Челси Менинг е  ослободена од притвор во Александрија, во западна Вирџинија, по два месеца.

Таа беше во притвор бидејќи одби да сведочи пред поротата за случајот Викиликс.

Челси Менинг е пуштена по 62 дена поминати во притвор, но нејзините адвокати стравуваат дека на слобода ќе биде кратко, бидејќи е пуштена само поради тоа што изминал мандатот на поротата.

Пред излегувањето од затвор, таа доби судски повик во кој од неа се бара да сведочи пред новата порота на 16 мај.

Адвокатите велат дека повторно ќе одбие да сведочи, така што е можно пак да биде притворена.

Менинг служеше седумгодишна казна во воениот затвор поради давање доверливи податоци на Викиликс.

Челси Менинг е родена како маж, како Бредли Менинг, кој служеше во прва класа на американската војска, а по судењето за шпионажа, првпат се изјасни како жена.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...