На неофашистички издавач му е забрането појавување на Саемот на книги во Торино

144

На неофашистички издавач му е забрането појавување на Саемот на книги во Торино

Саемот на книги во Торино забрани појавување на италјански издавач поврзан со неонацистичка група по жалба на музејот Аушвиц-Биркенау и на 89-годишна поетеса, која го преживеала Холокаустот.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, ја цитираше преживеаната поетеса Халина Биренбаум, која вели оти ова е уште еден доказ за неа дека злото нема да победи.

Биренбаум и музејот Аушвиц-Биркенау се заканија дека ќе го бојкотираат настанот ако се вклучи и издавачката куќа Алтафорте.

Директорот на издавачката куќа Франческо Полаки е близок до неофашистичката партија Каса Паунд и се прогласи за фашист.

Тој го фалеше покојниот диктатор Бенито Мусолини и рече дека „антифашизмот е вистинско зло во оваа земја”.

Полаки истакна дека ќе се бори за да учествува на саемот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...